Испечати

Бомбици и пралини

Бомбици и пралини

Состојки

  • 1 белка
  • 100 гр шеќер
  • 150 гр мелен орев
  • 100 гр мелени бисквити
  • 70 гр мелени бадеми
  • 4-5 зелени смокви од слатко-сецкани
  • 1 лажица од шербетот од слаткото
  • 100 гр црно чоколадо
  • за премачкување на калапите
  • 100 гр црно чоколадо
  • 1-2 лажици масло
  • 80 гр мелен орев за валкање на бомбиците

Подготовка

Овие колачи ги правев набрзина за одма нешто слатко да каснам, ама составот е погоден, правам експерименти со пресново слатко, па еве можеби на некој ќе му се допадне мојов предлог.
Прво се мати белката, па се додаваат останатите состојки.
Убаво се изработува со рака.
Силиконските калапи со четка се премачкуваат со растопеното чоколадо.
Се полнат со готовата смеса.се оставаат на страна да се стегнат.
Внимателно се вадат пралините од калапите.
Од остатокот од смесата се формираат бомбици и се валкаат во мелен орев.