Со оваа боза мајка ми не израсна, а посебно интересно беше кога ја правеше во поголема количина вака пред Тримир, па се зафаќаа големите тенџериња, вангли, па после ела досуреди. Но вкусот на ваквата боза го занемаруваше вложениот труд. Пишан рецепт за бозава мајка ми нема, секогаш ја прави од око, а јас се потрудив да ја прилагодам за околу 4,5-5 литри боза.

1. Во тенџере од 6,5 литри најпрвин се меша брашното со 1 литар ладна вода да нема грутчиња.
2. Штом зоврие треба да се дотура по малку вода бидејќи ќе се згуснува, се меша постојано. Врие на тивко околу 1 час.
3. Шеќерот се карамелизира убаво и внимателно се тура во бозата. Се меша да се стопи убаво и бозата добива убава карамел боја и вкус.
4. Се дотура ванилиниот и останатиот шеќер (индивидуално можете да намалите или да додадете шеќер), се меша добро и ако треба пак малку се дотура вода.
5. Врие на тивко одприлика уште 1 час, се трга да се излади.
6. Изладена ама уште топла, бозата се цеди во голема метална цедалка.
7. Исцедена но МЛАКА, во бозата се тура на врв од мало лажиче сув квасец, се меша убаво и се затвора во шишиња.
Наредниот ден е готова за пиење.
Во оваа боза не се тура свеж квасец, тој брзо стасува и ќе ја закисели одма бозата.
Вкусот на боза од царевно брашно е поинаков од оној со пченично.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани