Божиќен солен венец
Убав и вкусен украс на вашата празнична трпеза.
Во топлата вода додајте го квасецот и шеќерот, промешајте и оставете го да се активира.
Додајте ги другите состојки и почнете да месите околу 5-6 минути, да се добие мазно и меко тесто. Брашното додавајте го постепено, може да варира во количината. Оставете го на топло да се дуплира во волумен.
Убаво со рака истегајте го да излези воздухот и кратко премесете го.
Тепсијата во која ќе печете премачкајте ја со путер.
Одвоете од тестото еден мал дел, треба да го исучите танко, со големина на основата на тепсијата. Ставете го на долниот дел. Над него на средината поставете го парчето бри сирење.
Останатото тесто поделете го на 24 топчиња. Ќе ги наредите во два реда околу сирењето. Премачкајте го тестото со јајце (јас во него ставив малку оригано). Оставете го половина час да скисни. Вклучете ја рерната на 200 степени. Пред печење над сирењето ставете од изблендираниот магдонос со зачините.
Печете се додека тестото убаво да зарумени.
После печењето украсете ја со нешто зелено и црвено, во мојот случај со копар и брусница.
Скинете си топче, со лажиче ставете одозгора од сирењето и уживајте.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови