Божиќен колач
Подготовка
1. Сувото овошје измешајте го со алкохолот. Наместо алкохол може да користите свежо исцеден сок од портокал. Оставете го преку ноќ. Ако користите сок, нека стои во фрижидер.
2. Омекнатиот путер го матиме со шеќерот и ванилата неколку минути. Потоа ги додаваме јајцата, едно по едно. Следно ги додаваме двата типа брашно и зачините. Мешаме со миксер до соединување. Потоа го додаваме стопеното чоколадо, сецканите лешници и урми и мешаме со лажица. На крај го додаваме и сувото овошје.
3. Смесата ја префрламе во калап за печење (23цм). Печеме во загреана рерна на 140 степени, 2 ипол до 3 часа. Кога е печен колачот, го вадиме од рерна, додека е жежок го боцкаме со чепкалка на повеќе места и го полеваме со 2-3 лажици вишновка (или сок од портокал). Го оставаме да се олади целосно. Може да се послужи веднаш, но колку подолго стои, толку ќе биде повкусен и посочен.
На здравје!
*Забелешка - Јас го оставив три недели. Еднаш неделно го полевав со лажица-две вишновка или сок од портокал. Колачот треба да биде убаво завиткан во најлонска или алуминиумска фолија. Уште подобро ако е во кутија. Чувајте го во фрижидер. Извадете го на собна температура барем еден час пред послужување.
Лиценца: Сите права се задржани