Богата и сочна баклава со орев, лешник, брусница и чоколадо
1. Во еден сад ги соединуваме оревите, лешниците, брусницата, чоколадото и циметот. Јас ги сецкам во Нутрибулет
2. Во мал сад на тивок оган ги ставаме да се соединат путерот и маслото.
3. Сега земаме правоаголна тава. Танко ја премачкуваме со масло. Јас корите со нож ги пресеков на половина по должина и ми беа таман со димензијата на тавата. На дното ставаме една кора, прскаме само неколку капки масло. Ставаме втора кора. Пак само неколку капки масло. Па ставаме трета кора.
Врз неа расфрламе од подготвениот фил. Ставаме кора, некоја капка масло, повторно кора, па фил, и така до крај. Сега внимателно со остар нож ја сечиме на парчиња по желба.
4. Растопенста маснотија ја нанесуваме полека и внимателно на баклавата, да навлезе во сите засеци. Печеме 50 минути на 150,160 степени. Ја оставаме исепечена да се излади.
5. Во тенџере ставаме шеќер, вода и сок од лимон. Откако ќе зоврие, нека врие 5 минути на умерен оган.
Со топлиот шербет, во 2, 3 наврати рамномерно, полека ја попаруваме баклавата. Оставаме да отстои 6,7 часа, па може да се сервира.
Баклавата е со крцкава површина, сочна, со богат вкус
Пробајте ја
Лиценца: Сите права се задржани
vistinska vkusotija e baklavava