Луѓееее, ручеков е топ
Многу грациозно изгледа ролатов, многу е вкусен.
Погоден е да се подготви за свечани моменти.
Јас правев од половина количина на состојки, дома сме само двајцата.
Топла препорака да го подготвите, ииииии треба да бидете малку трпеливи.
Си бара внимание неговата подготовка.
И препорака да бидете штедливи на масло, бидејќи месото содржи, кашкавалот, преливот...

Обложете го плехот со хартија за печење
Излупете го компирот, исечете го на тенки парчиња,со помош на алатка или со нож, додадете малку сол, зачин и промешајте.
Сега ставете половина од кашкавалот на дното на плехот, обложен со хартија, дното мора да биде покриено. Наредете компири на него така што да се преклопуваат во должина и ширина, наредете го додека не се наполни целиот плех, а потоа посипете го со остатокот од кашкавалот.
Јас печев 15 минути, на кратко го извадив од релна, па посипав кашкавал.
Печете на 200-220 степени околу 30-40 минути
Исечете ги морковот и кромидот на мали коцки
Ставете на оган тава со малку масло и додадете ги да се пржат, да застаклат.
Потоа додадете го меленото месо нека се пржи, при тоа со вилушка убаво разделете го.
Зачинете со сол, бибер, зачин, хариса паста, магдонос.
Додадете го излупениот и на коцки сецкан домат.
Нека крчка додека да испари цела течност.
На крај додадете малку лут црвен пипер.
Сега подгответе го премазот.
Ставете го маслото на оган, кога малку ќе се загрее ставете спанаќ, додадете малку сол, гответе неколку минути. Кога спанаќот ќе изгуби волумен, тој е готов.
Кога малку ќе се олади, промешајте го со сирењето.
Компирот извадете го од релна, внимавајте, жешко е, оставете го да се излади неколку минути, па премачкајте го со премаз од спанаќ и рамномерно распоредете ја смесата со месо врз премазот, на крај посипете сè со кашкавал и лесно со помош на хартијата завиткајте ролат.
Ставете го ролатот во рерна околу 15 минути за да се пече уште малку.
Најгоре јас пак малку нарендав кашкавал.

Сервирајте и послужете топло со чаша црвено вино.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани