Имам премногу рецепти кои што можам да ви ги преставам овде, но секако времето ми е многу кратко, па ќе издвојам неколку. Еден од тие е банана сплит сладоледот, кој што навистина е убав.
На многу страни го има во разни варијанти, но јас ќе ја прикажам оваа, по која јас го спремам.

Подготовка:

1. Во долгнавеста чинија ставаме еден ред слатка павлака. Врз слатката павлака нанесуваме три топки сладолед една до друго. Изборот на сладолед го оставам на вас. Во овој десерт битно е и овошјето.Треба да го има во изобилство. Насецкајте го овошјето кое сакате да го ставите, нека биде спремно, да не се топи сладоледот.
2. Бананата пресечете ја на половина, па двете половинки разделете ги по должина на чинијата.
Врз сладоледот нанесете слатка павлака, а потоа декорирајте со изборот на овошјето. Ви предлагам да попрскате овошен прелив и да декорирате со вафел. Ова е одличен рецепт, кој секојдневно го спремам на моето работно место.
Го одомаќинив зашто сите дома се љубители на овошје и сладолед.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови