Во тенџере на оган се става малку масло се загрева и во маслото месото се запечатува од сите страни, потоа се додава една чаша вино и вода колку да се покрие месото, потоа се додава кромидот, лукот, солта, црвениот пипер, црниот бибер, лутата сува пиперка, дафиновиот лист и мајчината душичка, пирето од домати и се остава да се вари, месото се вари додека не започне да се распаѓа. По потреба му се додава вода.
На крајот треба да остани само малку густ сос.
Месото се кини на конци и се става во густиот сос се промешува.
Лепчињата се сечат на половина, најдолу се става салата ајзберг или марула, се става месото, над месото се става сирење гауда, ементал или некој друг кашкавал, над кашкавалот по желба се ставаат кругови кромид и кисела краставичка, се затвора со другото лепче и бургерот е готов.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови