2
мај
2021
Бели чоколадни пралини
Едноставни и брзи за подготовка, а превкусни чоколадни пралини.
1. Чоколадото и еурокремот ги топиме на пареа. Додаваме ореви и суво грозје, мешаме убаво, да се соединат состојките.
2. Во мали книжни каписли ставаме од смесата и оставаме на ладно да се здрви смесата.
Забелешка - по вкус може да ги направите со лешници, брусница...истотака и во комбинација на црно чоколадо со црн еурокрем.
Лиценца: Сите права се задржани