Многу брзи, лесни, ем посни ем може и мрсни!
1. Најпрвин се топи чоколадото со маслото и по една лажица се тура во калапот, се става во ладилник.
2. Бисквитите, шеќерот и кокосот ги ставаме во сад, мешаме да се поизедначат состојките и ги додаваме бананите.
3. Сето се замесува добро и калапите со наполнетото чоколадо се дополнуваат со смесата. Се оставаат на ладно да се подстегнат.
Толку!
Се вадат од калапот внимателно да се сочува формата.
Уште побрза верзија е ако апансас ви се најават гости, од смесата да направите бомбици, тогаш ќе ставите 150 гр. кокос, а 50 гр. ќе бидат за валкање на бомбиците. Всушност јас првин ги правев бомбици, па после пробав во калап. Може да се прават и со темно чоколадо, ама овие со бело си одговараат на зимава (уште снег само фали). Може да се стави по желба и рум, екстрат по вкус, мелен лешник, а дел од количината на бананите може да се замени со кокосово масло кое е многу вкусно и здраво!
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани