Со намерата да го потрошам млекото во прав и бисквитите кои ми останаа неодамна, се роди овој рецепт. Иако мислев дека ќе биде доволно, за да ја наредам целата обланда, испадна дека беше доволно само за три листа.

Подготовка:

1. Шеќерот и 100 мл вода ги ставате на оган, да зовријат во убав шербет. Кога е готов, во врелата смеса го ставаме путерот да се стопи. Штом е готов, ги додаваме мелените бисквити и млекото во прав.

2. Мачкаме веднаш, уште жешко, на првиот лист обланда, поклопуваме со вториот, пак мачкаме, го ставаме третиот. И тука јас сфатив дека ќе немам доволно смеса за уште два листа, па откако го ставив третиот лист, ја пресеков на половина дотогаш наредената обланда и со преостанатиот фил ги споив двете половинки.

Испадна превкусен десерт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови