Бегова чорба
Чорбата го добила името по некој бег кој често нарачувал да му го спремаат ова вариво. Веројатно и составот на самата чорба е резултат на вкусот на тој безимен бег, кој мора да признаеме дека имал навистина префинет и добар вкус. Оваа чорба потекнува од Сараево, но бргу се раширува во регионот и станува омилена и пошироко.
Ставете ги месото, морковот и пашканатот во сад со вода да се сварат. Посебно сварете го оризот, а посебно бамјата со неколку капки винска киселина или сок од лимон. Потоа, се ситно на коцки исецкајте.
Во посебен длабок сад ставете малку масло и во него запржете го брашното, па додадете ја водата во која се вареше месото. Ако има потреба додадете уште вода.
Ставете ги внатре сите сецкани состојки, бамјата (во мојот случај грашак во замена) и оризот, додадете го магдоносот и зачините.
Изматете ги жолчките и убаво измешајте ги со павлаката. Тргнете го садот од оган и со енергично мешање додадете ги во чорбата. Вратете на рингла и варете на тивко уште 15на мин.
Пред служење, по желба додадете лимонов сок и ситно сецкан магдонос и потоа беговски насркајте се )))
Лиценца: Сите права се задржани
Лиле, не сме во хармонија со бамјата ние :) А афродизијак си црпам од памет јас (дур ме крепи хахах) Сум ја промашила твојата бегова уназат јас, но секако одлична е :)
Јас не сум по чорбите, но оваа вака како што си ја спремив избегнувајќи ја бамјата многу ми се допаѓа :)))