Банини
1. Се промешуваат брашното, шеќерот, пецивото и ванилата.
2. Се додаваат путерот, зејтинот, 1 цело јајце и 1 белка, коричката од лимонот и се добро се меси (со миксер околу 3 мин).
3. Се остава да стои 1 час.
4. Јаболката се лупат и се рендаат. Шеќерот малку се карамелизира и се додаваат јаболките. Се пропржува добро и се додава сок од 1 лимон, ванила и џем од кајсии, па се добро се измешува.
5. Од тестото се расукува кора, се вадат со чашка кругови, во средината се става филот од јаболката, одозгора се покрива со друг круг и наоколу се притиска со вилушка. Се премачкува со жолчка во која има малку млеко.
6. Се печат на 200 степени додека поруменат.
Лиценца: Сите права се задржани
ајде сега за блакцето:
извини, не можам да ти напишам коментар, тастатурата треба да ми се исуши од лигите што ми ги направи :) :) :) :)
во тестото ли?
или си сркашш додека месиш? :) :) :) :)