Банини
Состојки
- 1 кг јаболка
- 200 гр шекер
- 1 пак. ванилин шекер + сок од 1 лимон
- 2-3 лажици џем од кајсии (необавезно)
- 250 гр путер
- 200мл зејтин
- 300 гр шекер
- 9 лажици млеко
- 1 јајце + 1 белка (жолчката искористете ја за премачкување)
- 1 кг брашно
- 1 пак. прашок за пециво
- 1 пак. ванилин шекер
- 1 лимон (само кората изрендана)
Подготовка
1. Се промешуваат брашното, шеќерот, пецивото и ванилата.
2. Се додаваат путерот, зејтинот, 1 цело јајце и 1 белка, коричката од лимонот и се добро се меси (со миксер околу 3 мин).
3. Се остава да стои 1 час.
4. Јаболката се лупат и се рендаат. Шеќерот малку се карамелизира и се додаваат јаболките. Се пропржува добро и се додава сок од 1 лимон, ванила и џем од кајсии, па се добро се измешува.
5. Од тестото се расукува кора, се вадат со чашка кругови, во средината се става филот од јаболката, одозгора се покрива со друг круг и наоколу се притиска со вилушка. Се премачкува со жолчка во која има малку млеко.
6. Се печат на 200 степени додека поруменат.