Да прикажам еден од моите утрински појадоци.

Подготовка:

1. Во сад на оган ставаме млеко да се загрее. Тргаме на страна и додаваме овес. Оставаме на тивко да се повари повремено мешајки. Додаваме ванила.
2. Бананата ја пасираме со белките од јајце и на крајот го додаваме несквикот. Оваа смеса ја префрламе кај овесот во садот, па промешуваме да се свари. Сервираме со банана.
Убав сладок појадок, кој ќе ви даде енергија во текот на денот.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови