Испечати

Банана појадок со несквик

Банана појадок со несквик

Состојки

  • 1 несквик
  • 100мл млеко од кокос
  • 1 банана
  • 5лажици овесни снегулки
  • 2 белки
  • 1паковка ванила

Подготовка

Да прикажам еден од моите утрински појадоци.

Подготовка:

1. Во сад на оган ставаме млеко да се загрее. Тргаме на страна и додаваме овес. Оставаме на тивко да се повари повремено мешајки. Додаваме ванила.
2. Бананата ја пасираме со белките од јајце и на крајот го додаваме несквикот. Оваа смеса ја префрламе кај овесот во садот, па промешуваме да се свари. Сервираме со банана.
Убав сладок појадок, кој ќе ви даде енергија во текот на денот.

На здравје.