![Банана леб](https://moirecepti.mk/content/uploads/2020/03/viber_image_2020-02-24_00-15-52-afae4f-800x516.jpg)
3
мар
2020
Банана леб
Ароматично и вкусно лепче или колач, како сакате така можете да го наречете.
Прво се мати путерот со шеќерот. Се додава јајцето и млекото.
Бананите се пасираат и се додават и тие. Потоа се додава брашното, солта, циметот, содата и оревите.
Смесата се истура во долгнавест калап, претходно намастен со путер.
Се пече на 180 степени околу 1 час.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови