Брзо, лесно, вкусно задоволство

Подготовка:

1. Над пареа го растопуваме чоколадото со маслото. Тргаме од оган и додаваме шеќер во прав. Промешуваме.
2. Додаваме пасирана банана, плазма, орев. Смесата убаво ја соединуваме. Оставаме 15 минути на ладно.
3. Потоа формираме бомбици, кои ги валкаме во шарени чоколадни мрвици или во растопено црно чоколадо. Ги ставаме во хартиени кошнички. Послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани