Испечати

Банана бомбици

Банана бомбици

Состојки

  • 1 средна банана
  • 100гр црно чоколадо, 45% какао маса
  • 1лажиче масло
  • 100гр мелена плазма
  • 50гр мелен орев
  • 1лажица шеќер во прав
  • Чоко трошки за декорација или растопено чоколадо

Подготовка

Брзо, лесно, вкусно задоволство

Подготовка:

1. Над пареа го растопуваме чоколадото со маслото. Тргаме од оган и додаваме шеќер во прав. Промешуваме.
2. Додаваме пасирана банана, плазма, орев. Смесата убаво ја соединуваме. Оставаме 15 минути на ладно.
3. Потоа формираме бомбици, кои ги валкаме во шарени чоколадни мрвици или во растопено црно чоколадо. Ги ставаме во хартиени кошнички. Послужуваме.