Во длабоко тенџере ставаме на оган вода и посолуваме.Додаваме пченкарно брашно и во средината со сукалка правиме дупче преку кое ќе се врти водата во тенџерето за да се свари убаво брашното. Оставаме да се вари се додка водата не испари. Потоа го тргаме тенџерето од оган на страна со сукалката убаво го триеме тестото кое се сварило. Вртиме постојано се додека не се направи како ронки и грутчиња. Го додаваме и маслото и промешуваме да се впие во смесата. Јадењето е готово.
Се служи со сирење, пржени бубрежиња или чварки. Овој е традиционално Македонски рецепт и ретко која домаќинка знае да го приготви. Затоа.. еве ви можност да се потрудите. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови