Баклава тригони (посно)
Оревите пола ги мелиме на ситно, пола ги сецкаме, чоколадото го рендаме, го додаваме гризот и маргаринот и месиме да добиеме смеса како за визитни колачи. Од неа правиме топчиња колку орев и со тоа ги филуваме тригоните.
Земаме кора ја попрскуваме со масло со помош на лажица, потоа ја предиплуваме до пола и ја попрскуваме со газираната вода. Потоа од едната страна ја предиплуваме 1/4, а од другата страна преку веќе предиплената но не до крај. И на крајот ставаме од филот едно топче и виткаме триаголник. Баклавата цела ја попрскуваме со малку масло и газирана вода и ја печеме во зависност од релната.Постапката ја фотографирам со помош на салфета, видете во дополнителните фотографии, ако нешто не е јасно слободно пишете. Шербетот се вари стандардно, но не треба да е прегуст.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови