Баклава со јаболка
1. Рерната се вклучува на 200 ст. Ц, јаболката се лупат и се рендаат, оревите се сецкаат(јас ги ставив во најлон и одозгора со оклагија ги притискав). Се мешаат јаболката и оревите.
2. Тавчето се премачкува со малку зејтин, се става кора и се попрскува со мешавина од зејтинот и водата. Врз неа се става друга кора и таа се попрскува. Се става од филот со јаболка, секаде рамномерно. така се прави се додека се истрошат сите кори и целиот фил. Одозгора се завршува со кори. Се прелива со остатокот од мешавината вода-зејтин и се сече на коцки.
3. Се пече 35 мин.
4. Се вари прелив од наведените состојки и се прелива додека е топло. Се остава да се излади.
Ова е една многу лесна, не многу блага и вкусна баклава. Пребарувајки на интернет, кога ја најдов, воопшто не се двоумев да ја направам. И не погрешив.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
супер :)
Драга Аница
Како и сите твои рецепти до сега и овој е прекрасен, но имаме мала добронамерна забелешка за фотографијата.
Следниот пат кога ќе фотографираш, светлото нека не оди КОН апаратот, нека биде од страна. Доколку фотографираш на дневна светлина, не користи блиц. Во случај да има останато некое парче од баклавата може да направиш нови фотографии ида ни ги пратиш да ги смениме.
Поздрав :)
Но, приоритет е да се гледа приготвениот рецепт - што овде не е случај :)
Ги чекаме фотографиите на маил, па ќе видиме. Ти благодариме.