Прво ја ставаме едната кора на маса, ја попрскуваме со масло, презла и сусам (предходно пропржен на тивок оган)
Постапката ја повторуваме и со втората кора, на третата ја повторуваме постапката и на крајот по должина ставаме ореви и мотаме во ролат.

Постапката ја повторуваме со сите кори.
Откако тавата ке се наполни со ролатчиња од кори, полека со остар нож ја сечиме во коцки.
Ја попрскуваме со преостанатото масло.
Се пече на тивко полека додека не добие златна боја.
Наредниот ден го приготвуваме шербетот кој врие само 10 до 15 мин. и се става лимонот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани