Базлама, попозната како турски леб, во последно време е се позастапена и кај нас. Тоа е печиво кое има облик на тортиља, направено од едноставни намирници, па затоа е омилен меѓу домаќинките.

Подготовка
1. Во длабок сад ги ставаме млекото, водата, маслото, шеќерот и квасецот. Промешуваме со рачна маталка. Ги додаваме солта и брашното (просеано) и замесуваме меко нелепливо тесто. Го покриваме и го оставаме на топло место околу 30 минути да стаса.
2. Потоа стасаното тесто, на набрашнета работна маса, го размесуваме, и го делиме на 8 дела кои ги формираме во топчиња. Топчињата ги покриваме, за да не се сушат и ги оставаме да одстојат 15 минути.
3. Сега секое топче го расукуваме во мала коричка, која ја полниме со филот, затвараме убаво од сите страни и пак ја формираме во топче.
4. Почнувајќи од првото топче со фил, сите по ред ги расукуваме во коричка. Ги редиме така расуканите корички на набрашнета маса, ги покриваме со чаршафче и ги оставаме да одморат 15 минути.
5. Во загреано нелепливо тавче (без масло) на средна температура ги пржиме, односно печеме Базламите, притоа ги превртуваме по неколку пати од двете страни.

6. Испечените Базлами ги премачкуваме со растопениот путер измешан со сецканиот магдонос, и ги редиме една врз друга. Послужуваме веднаш додека се топли.

*Совет - По вкус може да се намачкаат со некој намаз, хумус, може да ги искористите како тортиљи, како основа за вашиот омилен сендвич. Во стопениот путер по вкус додадете лук во прав.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани