![Араванија со ореви](https://moirecepti.mk/content/uploads/2016/02/pizap.com14552359142911-ce594b-800x545.jpg)
Араванија со ореви
1. Оревите ги валкаме во брашното, потоа додаваме гриз и се промешува.
2. Јајцата се матат со миксер заедно со шеќерот околу 10-тина минути за да смесата нарасне.
3. Во изматените јајца со лажица ги додаваме оревите со гризот и брашното, и полека со лажица промешуваме.
4. Смесата ја нанесуваме во набрашнета и намрсена тава бр. 34 и се пече на 180 степено околу 15-20 минути. Во тек на печењето температура се намалува по потреба на 150 степени.
5. Шербет. Шеќерот, водата и ванилата се зовриваат и врие 5 минути, потоа се додава сокот од лимон.
6. Изладената араванија се сече на коцки и се наросува со рендана кора од лимон, потоа се прелива со млак шербет и се чека да се излади.
Вака приготвената араванија има посебен вкус кога се јајцата селски и бојата е поинаква и ги радуваат очите ))
Лиценца: Сите права се задржани