Ги обожаваааммм
Денес дегустирани со пресен мармалад од зрели смокви, со мармалад од црни сливи...мммммммм

Во вангличка ги ставаме прво сите суви состојки и промешуваме.
Додаваме млеко, јајце, растопен путер.
Смесата убаво ја соединуваме со миксер 1 минута.
Оставаме така да одмори додека ни се загрее тава на умерен оган.
Во тавата ставме 1-2 капки масло, па со кутлача нанесуваме од смесата.
Пржиме прво од едната страна, околу 2 минути, и кога на површината ќе се појават меурчиња, палачинката е спремна за превртување.
Ја пржиме и од другата страна да зарумени.
Ги консумираме со мармалад, мед, кашкавал, овошје.....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани