Испечати

Американски палачинки со путер

Американски палачинки со путер

Состојки

  • 1 јајце
  • 300мл млеко
  • 50гр растопен путер
  • 200гр брашно
  • 1лажица шеќер
  • 1/2лажиче сол
  • 1 пециво, 10 гр
  • по желба , цимет, ванила, кора од лимон.....
  • мармалад, мед, овошје.....
  • некоја капка масло

Подготовка

Ги обожаваааммм
Денес дегустирани со пресен мармалад од зрели смокви, со мармалад од црни сливи...мммммммм

Во вангличка ги ставаме прво сите суви состојки и промешуваме.
Додаваме млеко, јајце, растопен путер.
Смесата убаво ја соединуваме со миксер 1 минута.
Оставаме така да одмори додека ни се загрее тава на умерен оган.
Во тавата ставме 1-2 капки масло, па со кутлача нанесуваме од смесата.
Пржиме прво од едната страна, околу 2 минути, и кога на површината ќе се појават меурчиња, палачинката е спремна за превртување.
Ја пржиме и од другата страна да зарумени.
Ги консумираме со мармалад, мед, кашкавал, овошје.....