
Американски крофни
Штом се вртат дечињата околу мене мора да има и вакво нешто.
  
 - Квасецот со 3 лажици млеко и малку шеќер растворете го и оставете да се запени.
 - Млекото се загрева, путерот се топи да е во течна состојба.
 - Брашното со сите напред наведени состојки замесете го и оставете 1 час да нарасте, да стаса.
 - Кога тестото веќе го дуплирало волуменот, размесете и исукате кора во дебелина колку еден прст. Со модлата вадете ги крофните.
Доколу немате модла, си знаете како да се снајдете, со поголема чаша вадете ги крогувите, а потоа со помала извадете од средината, така ќе го формирате прстенот. Сите извадени крофни оставете ги на побрашнета површина да стасат повторно.
 - Во касеролата загрејте повеке зејтин (треба да пливаат крофните) пржете ги на тивок оган додека не се испржат и поруменеат од двете страни.
 - Секоја испржена крофна ставајте ја на салфета (доколку има мрснотија да се впие - кај мене немаше воопшто).
 - Декорирате по ваша желба или што во моментот имате во фрижидерот, глазирајте ги, посипете со шеќер во прав, со лимоновата глазура,  како ќе изберете - така.
Лиценца: Сите права се задржани





























