11
авг
2020
Американски палачинки со минерална вода
Имам пробано многу рецепти за американски палачинки, и обично сите се само со млеко. За промена овој рецепт е и со минерална вода.
Ги мешаме сите течни состојки заедно, па потоа ги додаваме сувите. Промешуваме лесно со жица за матење, може и да остане некое грутче од брашното, не смета, не треба да се премешува.
Ги печеме во тава за палачинки, на средна температура, и кога ќе испукаат сите меурчиња ги превртуваме од другата страна.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови