Видео рецепт: Супа Минестрон
Оваа класична италијанска супа спојува многу различни вкусови... Можете да побарате рецепт за неа од 10 различни луѓе и да добиете 10 различни рецепти... Ви предлагаме да го пробате нашиот.
Состојки
- 3 стебленца целер
- 2 моркова
- 1 голема главица црвен кромид
- Половина конзерва сечкани домати
- Половина конзерва црвен грав
- Една рака шпагети
- 2 коцки за телешка супа
- 2-3 чешниња лук
- 600 милилитри вода
- Сол и бибер
- Маслиново маслo
Вид на оброк: Предјадење
Комплексност: Лесно
Лица: 4
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: Прво исечкајте го сиот зеленчук. Овде користиме свеж целер – исечкајте го на парчиња...
Сега исечкајте ја главицата црвен кромид – овде можете да искористите и бел кромид, но колку повеќе бои, толку подобро.
Излупете ги и исечкајте ги двата моркова. Излупете го и исечкајте го лукот.
Чекор 2: Ставете 2 коцки за телешка супа во врела вода... Потоа ставете го и сиот зеленчук.
Варете ја супата околу 30 минути за да се свари зеленчукот…
Чекор 3: Сега ќе почнеме да ги ставаме и состојките кои на супата ѝ даваат текстура и вкус. Ставете ги исечканите домати... Мешајте ја супата додека ги ставате.
Потоа и шпагетите, кои ги искршивме на половина.
Следен ставете го гравот. Овде користиме црвен грав, но можете да ставите и бел грав кој сте го подготвиле однапред.
Крчкајте ја супата уште 10 минути.
Чекор 4: Време е за сервирање: Супата ја ставаме во длабока чинија со црпалка, а потоа одозгора ставаме потпечен црн леб и една рака свеж магдонос.
СОВЕТ: Супата минестроне има уникатен вкус кој може да се добие само со оваа комбинација на состојки... Тестенини, грав, телешка супа и сечкани домати... Таа е јадење самата по себе, па така можете да ја направите за време на викендот, да ја оставите во фрижидер и да имате брз ручек во текот на работната недела.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола