Видео рецепт: Салата со халуми сирење
Уште една извонредна закуска или салата. Наречете ја како милувате, но овој одличен, лесен и едноставен рецепт може да се направи за многу кратко време и содржи само неколку состојки.
Состојки
- 50 грама Халуми сирење
- 1 Црвена пиперка
- 3 кришки Чиабата леб
- 20 грама Чери домати
- 1 мало снопче свеж босилек
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Прво вклучете го огнот и спремете ја грил тавата за готвење. Во меѓувреме можете да го исчистите семето од пиперката и да ја исечкате на парчиња со средна големина. Исечкајте го и халуми сирењето на дебели кришки, исто како и лебот.
Чекор 2: Кога тавата доволно ќе се загрее можете да почнете да ги пржите состојките. Прво на лебот ставете малку маслиново масло и ставете го во грил тавата. Тоа ќе го направи лебот покрцкав. Отсечете ги рабовите од црвената пиперка и ставете ги заедно со лебот.
Чекор 3: Свртете го лебот неколку пати и ставете му малку маслиново масло и од другата страна. За неколку минути лебот треба да зарумени и да стане крцкав и тогаш е време да го извадите.
Чекор 4: Сега ставете го сирењето да се потпече неколку минути од двете страни, и скоро сте готови. Сервирајте го јадењето редејќи ред сирење, а потоа ред црвена пиперка. Многу е едноставно, но крајниот резултат е извонреден. Потоа исечкајте неколку чери домати, ставете свеж босилек одозгора и попрскајте со маслиново масло.
Чекор 5: За крај Ви остана најлесната работа – избришете ја грил тавата неколку пати со мокра салфетка и можете да уживате во јадењето.
СОВЕТ: Видовте ли што може да се направи со само неколку состојки? Е тоа е готвење. Сигурен сум дека ќе се обидете да го направите ова јадење и очекувам одговор од Вас.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Грил тава
Туку, ванила стапчиња барав - нема...ако видиш те молам да пишеш каде :)
нема?!?!?
аууу, па да почнам јас да го штедам шеќерон додека да најдам, да постои, не мора да трепка :) :) :) :)
одма пуштам абер до вработени во фирмата која ги увезуваше. ова е стршано и недозволиво! :) :) :) :)