Pull apart леб со путер, урда и свеж босилек
Моите омилени лепчиња на кинење...
Меки, вкусни, ароматични.
Бидејќи го подготвував лебов за гости, на половината ставив свежи ливчиња босилек, а на другата половина на лебот не...да ги погодам вкусоовите де..хахахха
Значи босилекот може да се замени со власец, магдонос, перца од кромид.....
Во топлото млеко ги ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме јајцето, солтта, растопениот путер, активираниот квасец, киселата павлака.
Промешуваме и додаваме брашно.
Треба да добиеме средно меко тесто.
Го покриваме и остаавме да се дуплира.
Потоа сучиме една голема правоаголна кора.
Во сад ги соединуваме растопената лажица путер, сол, бибер, урда и половина јајце.
Со ова ја премачкуваме кората целосно.
На половината ставаме ливчиња сецкан, свеж босилек.
Ја сечиме на квадрати.
Редиме по 4-5 коцки една врз друга и ги ставаме вертикало во калап за леб, кој е обложен со хартија.
Со останатата половинка јајце , со четка го премачкуваме лебот и наросуваме сусам.
Оставаме да втаса 20 минути, па го печиме во загреана рерна на 200 с додека не зарумени.
Топол го сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани