29
мај
2019
Сутлијаш со јагоди
Многу вкусен и убав десерт сутлијаш со јагоди. Во тенџере ставете го оризот со вода и варете додека не изврие водата. Додадете го млекото и варете на тивко додека не се свари. На крај додадете шеќер, ванила и путер. Јагодите изблендирајте ги со шеќер. Во чаша редете еден ред ориз, еден ред блендирани јагодки, и така до крајот на чаша, украсете со Јагодки. Добар апетит.