Видео рецепт: Пиадина Леб
Питарките се секогаш забавни за јадење и забавни за правење, а овој вид Италијанска питарка е изненадувачки лесна. Можете да ја направите за многу кратко време и питарките можат да бидат здрава алтернатива на рецептите за леб од тешко тесто.
Состојки
- 500 грама Брашно
- 75 грама Путер
- 200 милилитри топло млеко
- Половина кафена лажичка прашок за пециво
- Половина кафена лажичка сол
- Бибер
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Прво ќе работиме со брашното во садот за мешање. Сеењето на брашното од поголема височина секогаш му дава полесна текстура на тестото…
Направете дупка во средината на садот и во неа ставете ги путерот, солта и прашокот за пециво.
Овде користиме путер, но во класичната верзија на овој рецепт се става свинска маст (можете да побарате маст од вашиот месар).
Чекор 2: Време е да го ставиме и топлото млеко… Можете да ставите и вода, но млекото дава побогат вкус и текстура… Полека сипувајте го млекото и мешајте ја смесата и кога ќе го сипете целото млеко, можете да почнете да ги спојувате.
Чекор 3: Превртете го тестото на кујнската површина и почнете да го месите…
Месете го со двете раце додека не добиете мазна и рамномерна текстура и тестото веќе не Ви се лепи за рацете... Ако е потребно додадете уште малку брашно.
Завиткајте го тестото во најлонска фолија и оставете го да отстои 30 минути…
Чекор 4: Откако тестото ќе отстои, одвиткајте го и исечете го на 4 парчиња. Размесете ги парчињата уште малку и исукајте ги во крукчиња… Потребна ни е дебелина нешто поголема од половина сантиметар.
Чекор 5: Време е за грил: Загрејте ја Грил тавата на многу силен оган и потоа ставајте ги парчињата тесто во неа едно по едно… издупчете ги со вилушка од едната страна за поубаво да се испржат…
По 2-3 минути свртете ги од другата страна… можете да видите дека лебот малку заруменил… Ако е потребно свртете го повеќе пати додека не биде испржен по Ваш вкус... и потоа ставете го на страна.
Повторете ја постапката со преостанатите парчиња тесто.
Чекор 6: Време е за сервирање: Едноставно ќе ја исечеме питарката на 6 парчиња и ќе ја сервираме со зеленчук и сирење пржени во Грил тавата – пиперки, тиквички, сирење и суви домати.
СОВЕТ: Пиатина лебот традиционално се сервира преклопен со мноштво различни филови. Зишто да не го пробате со печурки и павлака, или пак со стопено сирење? Мислиме дека овие питарки ќе бидат совршена комбинација ако ги ставите на даска и во нив уживате со пријателите.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Грил тава