25
мар
2012
Kоктел лепчиња
Кришките леб ги сечеме на по три ленти хоризонтално и вертикално за да добиеме по 9 коцки од една кришка. Секоја коцка ја премачкуваме со путер. Краставицата ја лупиме и ја сечеме на тенки крукчиња. И кашкавалот го сечеме на коцки. На чачкалица ставаме прво една коцка лепче, потоа парче чаен колбас, па пак лепче, коцка кашкавал, краставичка и најгоре една маслинка. Постапката ја повторуваме се додека имаме од состојките. Сервираме и послужуваме.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови