Најпрво ги биеме јајцата и шекерот и потоа го додаваме брашното. Откако ќе ги измешаме состојките, смесата ја ставаме во плех обложен со хартија за печење и ролатот го печеме 20-на минути.
Во меѓувреме го правиме карамел филот. Во тенџере на оган го пржиме шеќерот како карамел, а потоа го додаваме млекото, во кое сме го измешале нишестето.
Оставаме филот да олади, го додаваме маргаринот и биеме со миксер додека не добиеме убава смеса.
Испечениот и оладен панишпан го сечеме на три еднакви дела и ги започнуваме со филовање, ред панишпан, ред фил...
Потоа цела торта ја премачкуваме со останатиот фил и од горе рендаме бела чоколада.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови