Dulce de leche по Laura Vitale
Домашната верзија на карамел намазот е совршена прилика за десерти, палачинки, сладолед.
1. Се става млекото во поголем сад на оган да се вари на тивко, кога ќе достигне точка на вриење се ставаат останатите состојки и на крај содата. Ке се создаде една реакција која ќе предизвика зголемување во волумен на смесата, но со постојано мешање и поголем сад за кратко се стабилизира. Како што се вари се намалува количината на млеко а пропорционално на тоа се намалува и јачината на огнот.
2. Треба да крчка на многу тивко приближно 2 саати да достигне густина на јогурт.
Во стерилизирана тегличка се става врелиот карамел.
Ладно се остава во фрижидер каде може да стои до 1 месец за употреба.
Се користи исто така и како основа за крем карамели, некаде прочитав податоци за негова веганска верзија кој не сум ја пробала.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови