Крем бруле со слатка павлака - Creme Brulee
Едноставен француски десерт. Лесен,брз и преубав за вкусување. Го купував често готов, па гледајќи го на интенет решив да го направам. Во касерола помешајте ја слатката павлака и млекото. Нека се загреваат, но не да провријат. На страна во стаклен сад помешајте ги јајцата со жолчките, шеќерот и ванилата. Мешајте со жица за матење. Откако ќе се растопат добро, полека додавајте од мешавината на течности. Мешајте да не остане никакво грутче. Во садот каде ќе ги приготвувате наполнете вода. Ставете ги чинивчињата внатре и наполнете ги чинивчињата со готовата смеса. Преку цедалка процедете ја готовата течност. Ставете да се се печена 150 степени околу 30 минути. Ако ви пече послабо шпоретот оставете и докај 40 минути. Значи водата во садот да достигнува до пола чинивчиња. Откако ќе фати златно црвенкава коричка, садот се вади од рерна. Се остава да излади, па се ставаат уште 4 часа во фрижидер. После 4 часа се карамелизира шеќерот и се полеваат сите чинивчиња на површината. На здравје со вкусниот француски десерт.