Чиамбота- Ciambotta
Прекрасен Италијански специјалитет како читам, познат по секој Италијански ресторан. Тоа е Италијанска тепсија од зеленчук, модри патлиџани, домати, пиперки....
Ајде да ја спремиме.
1. Најпрво го чував зеленчукот во вода со сода. Потоа го измив добро. Го исецкав на коцки. На маслиново го запржив прво кромидот, а потоа го додадов зеленчукот. Промешував повремено. Покрив со капак нека динста од сокот што сам ќе го пушта.
2. Кога зеленчукот е запржен, додајте го доматното пире. Нека покрчка 5 минути, а потоа ставете го пасираното лукче и целерот. Зачиннете со ситно сецкан свеж босилек. Се додава и лута пиперка.
3. Рерната нека е вклучена. Веднаш префрлете го зеленчукот во тава и ставете да покрчка во рерна. Штом се запече, 5 минути и вадете. Служете со свеж босилек и чиабата лепче.
На здравје.
Забелешка
јас користев сув босилек.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови