Ќофтенца со пире-ружички
Постојат најразлични рецепти за ќофтиња...пржени, печени, грчки и уште кој знае....Денес ви го предлагам овој рецепт од кој сите дома беа ем сити ем задоволни.
Подготовка -
-Најпрво започнуваме со подготовка на компирите (ги лупиме, миеме и ги ставаме да се сварат)
- Штом бидат при крај со варењето, почнуваме со подготовката на смесата за ќофтенцата со соединување на сите наведени состојки (оваа смеса треба да одстои 15 минути, за тоа време ги приготвуваме пире-ружичките)
- Сварените компири ги гмечиме, им ги додаваме наведените состојки за нив, соединуваме убаво. Смесата ја полниме во шприц и формираме ружички во тава врз хартија за печење. Печеме на 200 степени околу 35-40 минути (до добивање на златна боја)
- Додека се печат ружичките, ќофтенцата ги пуштаме со мало лажиче и ги пржиме во загреано масло.
Уживајте во превкусниот вкус!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови