Овде се мерките за две тави по 250 гр или една голема за 4 лица.
1. Во загреана посолена вода ги вариме њоките околу 3 минути. Штом почнат да вријат оставаме да се кренат на површината и готови се. Ги цедиме во цедалка.
2. Во длабока тава на оган пржиме една голема главица кромид која ситно ја исецкавме заедно со лукчето. Штом ја добијат убавата стаклена боја, ги додаваме свежо миените и на пола пресечени шери доматчиња. Нека прокрчкаат во тавата, покриени со капак. Додаваме 2 лажици доматна паста, благо замешуваме. Додаваме 500мл доматно пире, па пак промешуваме убаво да се натопат њоките. Гранчето босилек ситно исецкајте го и додајте го во садот. Ако немате свеж тогаш ставете една лажица сув босилек.
3. 100 гр гауда размешајте во внатрешноста со благо превртување на њоките, а пармезанот наросете го на површината и ставете ја тавата малку во рерна, само колку да се растопи пармезанот. Ако немате пармезан, ставете рендана гауда.
Јадењето е одличнооо.Па ова босилеков, преубав вкус му дава, совршен.
Нека е на здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови