Месото се сечеме на ленти или мали парчиња како сакате. Се ставаат во тава со зејтин. Се зачинуваат со сол и црн пипер. Кога ќе се запржат се полева со 150 милитри бело вино и 150 милитри вода. Се додаваат 3 ловорови листови и се остава да се динста месото околу 50 минути за да омекне. Откако месото е готово, во друга тава се става шеќерот, медот, чили сосот и соја сосот и се остава на тивко за да се стопи шеќерот. Ако немате чили сос може да се стави и ситно сечена лута пиперка.
Кон ова се додава и 200 грама измиена, исчистена брокула.
Може да се стави и замрзната, ако немате свежа. Брокулата се динста околу 5 минути. Ова се додава кон месото и се меша се заедно. Прилогот изберете го сами. Јас ви препорачувам ориз. На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови