10
апр
2012
Јогурт торта
1. Јогуртот заедно со шеќерот го истураме во подлабок сад. Бркаме со лажица.
2. Потоа ги додаваме искршените бискоти. Со рака ги соединуваме бискотите и јогуртот, се додека јогуртот убаво не се впие во бискотите.
3. Го додаваме изренданото чоколадо за готвење и сувото грозје. Мешаме за да се изедначи смесата.
4. Смесата ја ставаме на чинија. Смесата треба да отстои околу половина час во фрижидер за поубаво да и направиме форма.
5. Во меѓувреме го подготвуваме шлаг кремот.
6. Врз тортата ги редиме бананите кои претходно сме ги поделиле на половина по должина.
7. Филуваме со шлаг кремот и декорираме.
Лиценца: Сите права се задржани