Јарешко месо со макало
Се става јагнешкото да се обари откако добро ќе се измие. Откако месото ќе се обари малку го ставаме во тавичка, се реди, се полива со виното и водата. Одозгора се посолува сол и мешан зачин, а ситно исечканиот лук се додава на крај. Се покрива со алуминиумска фолија и во загреана релна се става да се пече.
Во длабок сад сирењето ситно се сечи или дроби. Се додава павлаката и јогуртот. Сето тоа убаво се измешува. Потоа ситно се сечкаат печените пиперки и се додавааат во макалото. Сусамот се потпечува на рингла малку да добие потемна боја и се додава во макалото. Потоа целото заедно се промешува и се додава маслиновото масло одозгора. Месото откако ќе се свари убаво алуминиумската фолија се вади од тавичето да за се зацрви местото. Се сервира со печени компирчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови