Јаболков колач
Чашата е од 250 мл.
- Се чистат јаболката, се лупат и рендаат, се посипува со малку шеќер - оставете на страна да стојат.
- Јајцата заедно со шеќерот се пенесто се матат, се додаваат млекото и маслото - се разбркува за да се спојат, се додава брашното измешано со пецивото, со шпатулата добро измешајте.
- Јаболката истискајте ги од сокот кој го пуштиле, додадете ги циметот и оревите, измешајте.
- На подмачканата тавка со масло и брашно или постелена хартија за печење се истура половина од смесата, врз неа измешаните јаболка, залијте со останатата смеса.
- Печете во претходно загреана рерна на 180 степени. Оладена посипете со шер во прав.
НАПОМЕНА
- Јаболка нема да згрешите ако ставете повеќе, овде можете да додадете и суво грозје.
- Јас печам во плех бр.40 на 180 степени, а вие секој си знаете како пече вашата рерна, но 200 степени е малку повисока температура и според коизистенцијата на смесата сака тивко печење за да биде навистина добро испечена.
Лиценца: Сите права се задржани
eve uste edna slika