Пандишпанот се спрема стандардно.
Се матат јајцата со малу солца и шеќерите, па постепено се додава маслото, па млекото и на крај брашното помешано со пецивото.
Се излева половина од смесата во намрсен и побрашнет тркалезен калап со пречник 30 цм..
Се става да се запече во загреана рерна околу 15 мин. на 180 степени, да фати убаво кора.
Потоа се нанесува филот.
Се излева другата половина од смесата и се враќа во рерна уште 25 мин..Вкупно време на печење 40-на мин., или до сува чепкалка.

Се остава да се излади, па се сечи.Може одозгора да се нароси со шеќер во прав, а и не мора.

Филот го подготвуваме додека се пече колачот првите 15 мин..
Измиените, излупените јаболка се рендаат.
Им се додаваат останатите наведени состојки, убаво се промешува, да се изедначи.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани