Совршенство од баклава, само толку ќе кажам.

На вас останува да ја направите. Верувајте нема да зажалите

1. Во еден сад ги ставаме водата и шеќерот.
2. Од кога ќе зоврие, оставме да вари 5 минути. Тргаме од оган и додаваме сок од лимон. Оставаме шербетот потполно да се олади.
3. Во друг сад ги ставаме водата и маслото, да зовријаат само 5 секунди. Тргаме на страна.
4. Во друг сад ставаме 300 мл вода, додаваме шеќер, прашок за пудинг и вариме на тивок оган до згуснување. Тргаме од оган.
5. Одма додавме мелен орев и мелени бисвкити, цимет. Соединуваме.
6. Ги броиме корите и ги делиме на 3 дела.
7. Од првиот дел земаме кора, со четка мачкаме од течноста, па втора кора, па премачкуваме, па трета кора, па премачкуваме, па четврт кора, петта итн. Па ставаме од подготвениот фил. Постапката е иста со сите кори.

8. Добиените ролати ги ставаме во замрзнувач на 30 минути.

9. Потоа со остар нож ги сечеме на парчиња, отприлика дебели по 3 см.

10. Ги редиме во тава за печење, со пресечената страна на горе.

Печеме на 170 с, околу 45 минути.
Топлата баклава ја прелеваме со ладниот шербет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани