Штрудлички со мешан фил
Сите имаме различни рецепти за домашно подготвени штрудлички. Еве да ви го преставам и овој кој ме потсети на мирисот во кујната на мама. Неодамна го видов кај членка од некој други страници на нетов, па се сетив дека тоа беше незаборавниот вкус кој мајка ми ни го подаруваше, но таа го спремаше со мармалад од смокви, кои сами го приготвувавме во куќниот двор. Имавме многу смокви, па се честевме редовно со нив.
Подготовка:
1. За почеток ќе го спремиме тестото. Замесуваме тесто од сите состојки. Расукуваме кора на работната маса, па сечеме ленти со големина од 10 см отприлика. (видете на сликите )
2. Ги премачкуваме лентите со мармалад по вкус, јас ставив од кајсија и од јагода. Во мармаладот додадов мелени бисквити, за да го згуснам, да стои цврст во печењето, да не ми се распадне.
Премачкувате во средината, па полека од краевите завратувате навнатре, благо притиснувајќи ги краевите да се спојат. Превртете споеното да дојде од долната страна, па пополека притиснете со раката да се изедначи висината на штрудлите.
3. Сечете на парчиња колку вие сакате да се големи. Јас во прилог ќе ви додадам слики да си видите цела постапка. Веднаш редете ги на хартија за печење, па ставете да се печат. Штом поруменат, вадете и наросете со шеќер во прав. Ако ставате мармалад од јаболко, ви препорачувам да наросите и малку цимет помешан со шеќерот во прав.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
П.С. А и сликата е одлична :)