Шпагети со песто, пилешко и козјо сирење
Подготовка:
1. Пилешкиот стек го сецкаме на мали коцки, го зачинуваме со сол и мешан сув зачин. Го пржиме во загреано тавче на оган во кое имаме додадено 1 лажица маслиново масло.
2. Кромидот го сечкаме надолжно. Го пржиме во загреана вок тава, на оган, во кое имаме додадено 1 лажица маслиново масло. Шери доматчињата го сечиме на половина. Ги ставаме во загреано тавче на оган, во кое имаме додадено 1 лажица маслиново масло. Посолуваме и ги пропржуваме додека да испари течноста.
3. Шпагетите ги вариме во посолена вода. Ги цедиме и жешки ги ставаме во вок тавата, во која е веќе испржениот кромид. Ринглата ја вклучуваме. Промешуваме. Го додаваме песто сосот, промешуваме. Го додаваме и испржениот стек. Промешуваме.
4. Шпагетите ги сервираме во чинии. Додаваме од шери доматите и козјо сирење исецкано на коцки.
Лиценца: Сите права се задржани