Многу вкусна и декоративна шарена петенка која брзо и лесно се подготвува.

Квасецот се става во сад и се додава 1 малечка лашица шеќер, 2 мали лажички брашно и 200 мл млака вода и се остава да надојде.
Во длабок сад се става брашното, сол, млекото, маслото и квасецот и се замесува тесто.
Тестото се остава на топло да надојде.
Се дели на три еднакви делови и во едниот дел се става пиперта во другиот дел се става нането, а третиот дел да остане бел.
Секој дел се дели на два дела и се прават долги ленти. Од секоја боја се зема по една лента и се плети шарена петенка како за козињак. Од преостанатото тесто се плети уште една плетенка. Шарените плетенки се става на плех на хартија за печење една до друга и се остава простор помеѓу нив за да не се спојат од кога ќе надојдат. Се оставаат на топло да надојдат. Со вилушка се разматува јајцето и со четка се премачкуваат петенките и се става сусам.
Се печат во загреана рерна околу 20 минути на 200 степени Целзиусови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови